Четири најдобри здравствени придобивки од јадењето компири

Иако многумина сметаат дека јаглехидратите се штетни, тие се еден од трите макронутриенти кои се потребни во исхраната за да телото добива енергија.
Ако ги исфрлите од исхраната, не само што ќе го исфрлите главниот извор на енергија, туку и ќе имате многу ограничено мени. Од исклучителна важност е да ги пронајдете јаглехидратите кои му одговараат на вашиот организам.
Најдобриот извор на јаглехидрати се компирите. Ако го подготвите на вистински начин може да биде одлична опција за ручек.


Компирот е полн со влакна
Меѓу најважните нутритиенти во компирите се влакната кои го намалуваат нивото на шеќер во крвта и холестеролот.
Содржат повеќе калиум отколку банана
Бананите се познати по количината на калиум кој го содржат, но тоа не е ни приближно на тоа колку калиум содржат компирите. Еден среден компир содржи 897 мг калиум, а една банана содржи 422 мг калиум.
Богати се и со останати нутритиенти
Покрај влакна и калиум, компирот е богат и со други нутритиенти како што се Ц и Б витамин, манган, магнезиум, фосфор.
Компирите ќе ве држат сити најдолго време.
Богати се со скроб
Скробот во компирите ги храни добрите бактерии во вашиот дигестивен систем, па поради тоа подолго време сте сити.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.