Четири работи кои никако не смеете да ѝ ги кажете на вашата сингл пријателка

Разговорите за брак, деца и расправиите во врската се она што непрестајно го слушате, а вие не можете да се пронајдете во него.
Да бидеш единствена сингл пријателка во друштвото воошто не е едноставно.
Тоа што некоја ваша пријателка е сингл е нејзин личен избор, па затоа, колку и да имате добри намери, некогаш треба да се воздржите од совети на таа тема.
Ова се работите кои никако не смеете да ги зборувате со вашата сингл пријателка:
„Ќе те спојам со мојот пријател, колега, братучед…“


Со овој добронамерен предлог ја ставате својата пријателка во многу непријатна сиуација. Ве почитува, па затоа нема да сака да ве одбие, а истовремено во себе собира негативни чувства, бидејќи доколку сака самата може да најде некој за романтичен состанок.
„Можеби не се трудиш доволно.“
Нешто мора да прифатите: не е сечија животна цел да се скраси во брак со деца. Некои жени се посветени на својата кариера, некои се заинтересирани за незадолжителни забави… Љубовта едноставно се случува и доколку мислите дека треба премногу да се потрудите околу пронаоѓањето партнер, можеби вам ви е потребен совет, а не на вашата другарка.
„Како тоа ТИ да си сингл?“
Иако мислите дека ова е непогрешлив комплимент, размислете уште еднаш. Ова прашање звучи како да се обидувате да го најдете тој страшен недостаток, поради кој вашата пријателка сè уште е сингл, како нејзиниот статус да е нешто погрешно. Ако веќе сакате да ѝ дадете комплимент, едноставно кажете ѝ дека прекрасно изгледа или колку многу сакате некоја нејзина карактеристика.„Не се грижи, ќе најдеш ти некој!“
Можеби досега не се грижела, но кога веќе сте ја отвориле таа тема… Со оваа изјава го изразувате сомнежот во вашата пријателка, пред сè како личност, а потоа и како романтична партнерка. Ако сака, секако дека ќе најде некој, немојте да се грижите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.