Четири чаеви кои го топат салото околу стомакот

Научниците велат дека пиењето чај е одлична навика ако сакате да ослабете. Има неколку видови чај кои помагаат да ги стопите масните наслаги на стомакот благодарение на состојките што се содржат во нив.
Не постои магично апче за слабеење, но некои истражувања сугерираат дека чајот може да делува на процесот на слабеење ако го вклопите во режимот на исхрана. На пример, за појадок може да испиете шолја чај наместо кафе и сок.
Ова се чаевите што го топат салото на стомакот.
Зелен чај
Најдобриот чај за слабеење е зелениот чај. Едно истражување спроведено во 2008 година покажа дека оние што пиеле зелен чај изгубиле 3,6 килограми повеќе од оние што го консумирале.
Зелениот чај е полн со катехин, антиоксидант кој го забрзува метаболизмот и помага во разградување на мастите.


Црн чај
Црниот чај има највеќе кофеин од сите други чаеви, па затоа е одличен за процесот на слабеење и топење на масните наслаги на стомакот.
Чај од нане
Чајот од нане го намалува апетитот. Тој е одличен за функционирање на дигестивниот систем.
Чај од глуварче
Дали сте знаеле дека чајот од глуварче може да ви помогне да се ослободите од вишокот вода во вашето тело? Овој чај има противвоспалително дејство. Сепак, треба да се посоветувате со вашиот лекар пред да почнете да го пиете овој чај.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.