Чешка ги соборува сите рекорди во Европа: Забележа најголем број на нови пациенти од корона за еден ден

Во Чешка, во последните 24 часа се регистрирани 3.130 нови случаи на коронавирус, што е најголем број на нови случаи за еден ден од почетокот на пандемијата, соопшти денеска чешкото Министерство за здравство. 

Тоа е исто така најголем број на нови пациенти за еден ден во Европа, пренесува Ројтерс. 

Како што е наведено, тоа е за 1.000 повеќе од претходниот ден, кога биле евидентирани 2.137 случаи. 

Во Чешка, каде што живеат 10,7 милиони луѓе, од почетокот на пандемијата во март годинава, регистрирани се 44.155 случаи на вирус ковид-19.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.