Чешкиот претседател Петр Павел пуштен од болница откако паднал од мотор

Чешкиот претседател Петр Павел денеска бил пуштен од болница откако во четвртокот се здобил со полесна повреда при пад од неговиот мотор, соопшти неговиот кабинет.Во соопштението се вели дека распоредот на Павел за следната недела останува во сила, вклучувајќи го и планираното патување во странство, објави Ројтерс.Павел треба да го посети Јордан следната недела и да учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Прага.Се вели дека чешкиот претседател се здобил со полесна повреда кога со мала брзина паднал од моторот за време на тренинг.Павел, 62-годишен поранешен началник на чешката армија и висок функционер на НАТО, ја презеде функцијата минатата година и продолжи да се занимава со своето хоби со мотоциклизам.

Пронајдете не на следниве мрежи: