Чизкејк мафини со тиква

Чизкејк мафини со тиква
Потребни состојки:
За кората:
10 бисквити (мелени)
2 до 3 лажици стопен путер
За полнежот:
250 г крем сирење
250 г рикота сирење
350 г кафеав шеќер
250 г пире од тиква
1 јајце


1 лажичка екстракт од ванила
½ лажичка мелен цимет
⅛ лажичка морско оревче
¼ лажичка сол
Начин на подготовка:
Загрејте ја рерната на 325 степени. Спремете го калапот за мафини.
За да ја направите кората бисквитите треба да ги сомлете, а потоа да ги измешате со стопениот путер. Рамномерно распределете ја смесата во калапите за мафини и печете ги за 8 минути. Потоа оставете да се изладат.
Потоа останатите состојки додадете ги во еден сад и мешајте ги со лажица или користете блендер.
Додадете од смесата во калапот за мафини и печете од 40 до 45 минути.
Оставете во фрижидер најмалку 2 часа.
Украсете со цимет, семки од тиква или по избор.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.