Подлога
150мл маргарин
150мл млеко
150 гр, мелени бисквити
100 гр, чоколада
Прв фил
200 гр шеќер
200 мл слатка павлака
200 гр, крем сирење
Втор фил
250 гр, шеќер
100мл вода
100 гр, желе за премачкување
Маргаринот се растопува со млекото и чоколадота и се додаваат мелените бисквити. Убаво се меша да се добие убава смеса, потоа се реди во калап.
Првиот фил
Ја матиме слатката павлака со шеќерот и се додава крем сирењето додека се изедначи и се реди врз кората се премачкува низ цела кора
Втор фил
Се остава желатинот да отстои со водата 10 мин, се додава шербет од 200гр. шеќер ( 1 чаша од 200 мл) и 100 гр. вода ( мал филџан). Убаво се мати да се добие цврста смеса и се додава над филот.
Одозгора се става готово желе од малина низ цела торта. Се остава во замрзнувач околу 2 часа.
Се сече по желба.