Се подготвува лесно, а може да го послужите во чашка или да го направите како колач. Чизкејкот е еден од најпопуларните десерти, а сигурно е дека ќе уживате во него.
Состојки:
200 гр. мелени бисквити
200 гр. шеќер во прав
20 гр. путер
100 мл. сок од портокал
400 гр. слатка павлака
400 гр. кисела павлака
15 гр. желатин
250 гр. смрзнато шумско овошје
100 гр. шеќер
30 гр. густин
Начин на подготовка:
Бисквитите, 50 гр. од шеќер, путерот и сокот од портокал измешајте ги, а потоа распоредете ја смесата во калап за печење.
Желатинот потопете го во ладна вода, а слатката и киселата павлака и 150 гр. шеќер во прав изматете со миксер и направете пенлива крема.
Додајте го стопениот желатин, измешајте добро и прелијте ја преку кората. Оставете во фрижидер за да се излади.
Сварете го шеќерот со овошјето, а густинот разматете го во малку вода. Кога ќе зовријат, додајте го густинот со неприкинато мешање и варете уште пет минути. Изладете го готовиот прелив и прелијте го преку чизкејкот.