Чизкејк со јагоди

Десерт кој се подготвува брзо и лесно. Пробајте го рецептот на Мартина Трајаноска за чизкејк со јагоди.
Потребни состојки:
300 гр мелени бисквити
180-200 мл сок од портокал
400 мл хопла
400 гр кисела павлака
200 гр шеќер во прав
10 гр желатин
300 гр овошје
10 гр желатин
3-4 лажици шеќер
Начин на подготовка:


Кора: Во мелените бисквити постепено додавајте го сокот и добро натапкајте кора на намрсен калап за торта.
Фил: Изматете ја хоплата со шеќерот, па додадете ја и павлаката (павлаката го заменува сирењето). Желатинот прелијте го со вода да отстои околу 10 минути па растопете го на тивок оган и најпрво измешајте го со дел од филот, па потоа со целиот фил. Прелијте го филот врз кората и оставете во фрижидер.
Овошен слој: Изблендирајте го овошјето( во сецко или блендер) или ставете го сечкано, па ставете го на оган со шеќерот да проврие неколку минути. Тргнете го од оган и додадете му го претходно потопениот желатин со вода. Со помош на лажица полека прелијте го овошјето врз филот.
Оставете неколку часа во фрижидер па пред да го извадите обрачот со нож поминете по краевите да се одлепи од калапот, па послужете.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.