четврток, 12 ноември 2026
Најново

Чиле пресече нарко-пратка вредна 8,3 милијарди долари

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Чилеанските власти објавија дека заплениле повеќе од 100 тони дрога скриена во пратки дрва наменета за Европа, опишувајќи ја операцијата како рекорден успех во борбата против организираниот криминал во јужноамериканската земја!

„Благодарение на заедничката работа на обвинителството, поморската полиција и царинската служба, запленети се 1.080 тони дрво контаминирано со разни видови дрога, што претставува историски удар врз организираниот криминал во нашата земја“, се вели во соопштението на чилеанската царинска управа.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Дрогата пронајдена во дрвата главно се состоела од кокаин и кетамин, а проценетата малопродажна вредност на европскиот пазар е околу 8,3 милијарди американски долари, се додава во соопштението.

По шестмесечна истрага, властите идентификуваа 45 контејнери што пристигнале од Боливија со контаминирана дрва, објави Ал Арабија.

Доколку пратката стигнела до крајната дестинација, дрогата ќе морала да се одвои од дрвото со помош на „напредни хемиски процеси“ во специјализирани лаборатории, изјавија царинските службеници.

Вкупната количина на запленета дрога во Чиле би можела дополнително да се зголеми бидејќи властите продолжуваат да испитуваат дополнителни контејнери кои биле оценети како сомнителни.

Поврзани вести