Чичолина сака да владее со Рим

Поранешната порно актерка и некогашна пратеничка во италијанскиот парламент, Илона Ана Сталер (62), попозната како Чичолина се кандидира за градоначалник на Рим. Таа би требало и официјално да се најде на листата на италијанската Либерална партија на локалните избори во престолнината, а на избирачите им ветува либерализација на проституцијата и лесните дроги.
Чичолина влезе во политиката во 1979 година и беше член на првата еколошка партија во Италија, пред да се зачлени во Радикалната партија во 1985 година и да води кампања против нуклеарната енергија, борбата против гладот во светот и заштита на човековите права. Беше пратеник во италијанскиот парламент во периодот меѓу 1987 и 1991 година. Во септември 1990 година во почетокот на Заливската војна изјави дека е „подготвена да има секс со Садам Хусеин за да го врати мирот на Блискиот Исток“.Поранешната порно актерка и некогашна пратеничка во италијанскиот парламент, Илона Ана Сталер (62), попозната како Чич

Пронајдете не на следниве мрежи: