Членките на Г20 мораат подобро да ја кординираат монетарната и фискална политика

Новиот главен економист на Светската банка ги повикаа финансиските лидери на групата 20 најразвиени и економии во развој подобро да ги кординираат мерките на монетарна и фискална политика со кои го поттикнуваат економскиот раст, со цел да се спречи евентуалната валутна војна.Во разговор за Reuters, Каушик Басу изјави дека министрите за финансии на Г20 на самитот во Москва закажан за 15 и 16 февруари би требало да поработат на решение, пред да ескалира напнатоста и да предизвика уште една криза во светската економија.Иако ризикот од нагло влошување на економските активности се намали благодарение на мерките усвоени во Европа за да се избегне должничката криза, мали се шансите за брзо закрепнување и обвнова на растот, предупреди Басу.„Валутна војна се уште не е избувната, но постои можност да и се приближиме чекор по чекор“, предупреди поранешниот главен економски советник во министерството за финансии на Индија.Според него, светските лидери мораат да ги кординираат политиките за да се спречи таквиот исход, односно да не се стекне впечаток дека на повидок е валутна војна.
МакфаксНовиот главен економист на Светската банка ги повикаа финансиските лидери на групата

Пронајдете не на следниве мрежи: