четврток, 12 ноември 2026
Најново

Членството на ВМРО-ДПМНЕ ја бојкотира Гордана Силјановска

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Вчера на социјалните мрежи наидовме на фотографии објавени од Орце Ѓорѓиевски кој даде јавна поддршка заедно со Владимир Нелоски на Гордана Силјановска за кандидат за претседател од ВМРО-ДПМНЕ.

На фотографиите во општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Кисела Вода се забележува дека во салата за состаноци едвај има 10 луѓе. Ова е еден од показателите дека членовите на ВМРО-ДПМНЕ не ја поддржуваат Гордана Силјановска за претседателски кандидат.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Инаку Орце Ѓорѓиевски e член на ИК и претседател на општинскиот комитет кој катастрофално ги загуби локалните избори во Кисела Вода, само за споредба во 2016 година ВМРО-ДПМНЕ победи со 4000 гласови предност, а во 2017 на локалните избори на чело со Ѓорѓиевски беа загубени со над 3000 гласови разлика. Орце Ѓорѓиевски за само една година загибил поддршка кај локалното население од 7.000 гласови.

Членовите се свесни за поразот кој доаѓа и покрај карастрофалната политика на СДСМ. Членовите го бојкотираат кандидатот на Мицкоски поддржан од Орце Ѓорѓиевски, Владимир Нелоски и Јован Јаулевски.

Од наши извори блиски до партијата веќе гласно се зборува за колективна одговорност за поразит на претседателските избори. Мицкоски во паника веќе бара алиби за да го спаси тронот во Белата палата.

Поврзани вести