Потребни состојки:
За подлога
175 г чоколадни бисквити
55 г путер
225 г црно чоколадо
225 г млечно чоколадо
55 г шеќер
350 г крем сирење
425 мл хопла
5 лажици Baileys
Јагоди
Какао
Начин на подготовка:
Растопете го путерот. Растопете го чоколадото и оставете го да се излади. Измелете ги бисквитите и промешајте ги о растопен путер. Подготвената смеса ставете ја на дното на калапот па ставете ја во фрижидер.
Користете тава со пречник од 20 сантиметри.
Измешајте ја хоплата во цврст шлаг. Потоа измешајте го крем сирењето со шеќер. Додајте шлаг, растопено чоколадо и Baileys и соединете ја смесата.
Смесата со чоколадо додајте ја врз чоколадната подлога од бисквити. Израмнете и оставете го колачот во фрижидер неколку часа.
Пред служење декорирајте со какао и свежо овошје.