Сакате ли да направите чоколаден колач од само две состојки? Да? Еве како:
Нема нешто што може побрзо да ја задоволи желбата за слатки од овој мек и вкусен чоколаден колач. Дури и доколку не сте по готвењето, овој рецепт ќе сакате да го подготвувате секој ден бидејќи е многу лесен, брз и евтин.
Доволни ви се само две состојки со кои ќе имате чоколаден колач за целото семејство и за пријателите.
• 4 јајца
• 250 гр. чоколадо
Загрејте ја рерната на 170 степени Целзиусови. Премачкајте ја тавата за печење со масло. Јајцата треба да бидат на собна температура. Одвојте ги жолчките од белките, а чоколадото исечкајте го на ситни парчиња.
Потоа, стопете ги коцките чоколадо на пареа. Белките изматете ги со миксер за да добиете цврст шлаг. Помешајте ја стопената чоколада и жолчките. Смесата од чоколадо додадете ја внимателно во едната половина од шлагот и полека мешајте. Постепено додавајте го и остатокот од шлагот и внимателно мешајте за белките да не спласнат.
На крај, целата смеса сипете ја во калапот за печење и ставете го да се пече 30-40 минути.
Со помош на чепкалка за заби проверете дали колачот е печен. Кога ќе се излади извадете го од тавата, исечете го на коцки и послужете го со вкусно кафе.
Имате ли подобар предлог за чоколаден колач од само две состојки? Пратете до редакцијата рецепт.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.