Потребни состојки:
3 јајца
120 г црно чоколадо
100 г путер
50 г гриз
1 лажица какао
80 г шеќер
1 ванилин шеќер
1 прашок за печиво
50 г чоколадни трошки
*наместо вишни, може да ставите цреши
Начин на подготовка:
Подгответе тава со пречник од 25-20 сантиметри и премачкајте ја со масло. Подгответе ги сите состојки, гризот промешајте го со какао, ванилин шеќер и прашок за печиво.
Исцедете ги вишните и ставете ги во тавчето.
Растопете путер и чоколадо, оставете го да отстои додека да го подготвите останатото. Изматете ги жолчките со шеќер, па додајте ја чоколадната смеса и матете постојано. Белките со малку сол изматете ги во цврст снег и тргнете ги на страна.
Додајте ги сите состојки и откако ќе ги соедините со белките, промешајте повторно.
Сипете ја смесата преку вишните, распоредете ги чоколадните трошки и печете во рерна на 180 степени 25 до 30 минути.
Исклучете ја рерната и оставете го колачот уште 10 минути.