ЗА ПАНДИШПАНИ
4 јајца
200 г шеќер
200 г маргарин
100 г брашно
100 г нишесте
1 ванилин шеќер
1 прашок за печиво
ЗА ФИЛ
200 г маргарин
200 г шеќер во прав
150 г чоколадо
1 јајце
ЗА ПРЕЛИВ
200 г чоколадо
200 г маргарин
2 јајца
2 лажици шеќер
Со миксер изматете ги маргаринот и шеќерот. Додадете ги ванилиниот шеќер, јајцата, прашокот за печиво, брашното и нишестето и матете додека се соедини смесата. Нанесете ја во две тави за печење, прекриени со хартија. Печете 20 минути на 180 степени.
Маргаринот изматете го со шеќерот во прав и јајцето. Изрендајте го чоколадото и изматете го филот.
Пандишпаните исечете ги на половина. Со фил премачкајте три ленти пандишпан и ставете ја четвртата.
Маргаринот и чоколадото растопете ги во тенџере, тргнете од оган и изладете.
Јајцата изматете ги со шеќерот, додадете го чоколадото, изматете и премачкајте ја тортата.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.