Уживајте во прекрасниот десерт со чоколада и јаткасти плодови.
Состојки:
За кора
750 гр. брашно
30 лажици шеќер
3 кесички прашок за пециво
210 мл масло
7,5 дл минерална вода
24 лажици мелени ореви
150 гр. чоколадо
Прелив за кора
Сок од портокал
Фил
10 лажици прав од пудинг од ванила
1 литар млеко
300 гр. шеќер
1 кесичка ванилин шеќер
200 гр. бела чоколада
250 гр. маргарин
200 гр. мелени ореви
Начин на подготовка:
За кората:
Соединете ги сите состојки за кората, поделете на три дела, едниот дел истурете го во калап (35х25 см) и печете 15-20 минути на 180 степени.
Испечете уште две вакви кори.
За филот: згответе го пудингот со шеќер и ванилин шеќер во млеко. Измешајте ја и чоколадата. Згответе 2 дл млеко со 3 лажици шеќер и прелијте ги смелените ореви, па оставете ги да се изладат.
Во изладениот фил додајте го изматениот маргарин и исцедените ореви, па измешајте. Исечете ги корите во облик на солза во 3 облика и прелијте сок врз нив. Намачкајте ја со фил најголемата кора, покријте ја со средината, филот, најмалата кора и премачкајте ја целата торта.