Чоколадни колачиња

Најчоколадните колачиња од кои секој би посакал уште едно.
Потребни состојки:
2 јајца
½ печиво
100 г какао
150 г путер
200 г чоколадо
250 г брашно
250 г шеќер
Начин на подготовка:
Растопете го путерот, па измешајте го со шеќерот. Додадете ги јајцата, измешајте, па додадете ги сите суви состојки. Оформете густа смеса/тесто. Убаво измешајте со дрвена лажица или со раце. Додадете околу 150 г чоколадо исечено на мали парчиња, а 50 г оставете за одозгора. Земајте од смесата околу 1 лажица, оформете и редете на хартија за печење.
Видете поубаво на видеото, не растат премногу при печење, но оставете по малку растојание помеѓу секое колаче. Одозгора ставете парчиња чоколадо пред печење. Печете во на 200 степени 9-10 минути Од дозава излегуваат околу 35 колачиња.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.