Чоколадни палачинки

Потребни состојки:
300 мл вода/млеко
500 г брашно
50 мл масло
1-2 јајца(може и без нив)
2 лажици какао
2 лажици шеќер
Начин на подготовка:
Сите состојки измешајте ги заедно и печете ги палачинките по 1-2 минути на двете страни (по потреба додадете млеко или брашно зависно од густината). Тавата може сосем малку да ја намрсите. Може да ги направите и целосно веган/посни. Додатоци ставете си по избор, може да изберете еурокрем, шлаг и домашен џем од јагоди.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.