Чоколадно Винчини уживање (без печење)

Состојки
200гр путер
150мл кондензирано млеко
100гр црно чоколадо
100гр млечно чоколадо
250гр Кексини бисквити на Винчини
За декорација
кршени чоколадни јајца

Кој не сака чоколадна торта со бисквити? Колку едноставна, а толку вкусна торта.
А и не мора да биде баш срце, за да му покажеме некого дека го сакаме, нели? Доволно е да биде вкусно и се разбира, со мноогу чоколадо.
Веднаш да ја подготвиме
На пареа ставете ги путерот, млекото и чоколадото да се стопат.
Оставете ги на собна да излади малку, околу 10 мин.
Во меѓувреме во поголем сад ги кршиме Кексините на Винчини.
Врз нив ја истураме смесата од чоколадо и и чоколадни топчиња и мешаме додека не се соединат целосно да нема воздух.


Измешајте ги и шарените топчиња.
Смесата ставете ја во калап по ваш избор, можете во форма на срце, квадрат, круг, не е важно, задоволството е секаде присутно. (Јас ја ставив во модла од 25см)
Декорирајте по ваша желба, јас искршив парчиња чоколадни јајца, млечна чоколада..
Покријте со најлонска фолија и ставете ја во фрижидер да се стегне. (Јас ја оставам преку ноќ)
Исечете на парчиња, послужете со бакнеж, и…уживајте!
Забелешка
Ќе се запрашате зошто баш кондензирано млеко? Бидејки е повеќе благо има 45% повеќе шеќер и нема многу вода, најчесто се користи во комбинација со кафе и чоколадо. Можете да си подгответе домашно а има и рецепти на овој сајт за негова подготовка и топло ви го препорачувам или можете да го купите од маркет.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.