Потребни состојки:
9 лажици вода
200 г шеќер
150 г мелени ореви, бадеми или лешници
250 г мелени бисквити
170 г путер
100 г чоколадо за готвење
Малку рум
За глазура
100 гр чоколадо за готвење
Малку масло
Начин на подготовка:
Во тенџере додајте вода и шеќер и загрејте го на умерена температура додека шеќерот да се стопи. Додајте го путерот, тргнете од оган и мешајте додека да се стопи. Откако ќе се стопи додајте ги оревите и бисквитите па мешајте додека да добиете густа и еднаква смеса. Добиената смеса поделете ја на два еднакви дела.
Стопете го чоколадото на пареа и умесете го во првиот дел од смесата, а во другиот дел ставете малку рум.
Ставете хартија на печење и на хартијата префрлете го првиот дел од смесата, па со рацете обликувајте правоаголник, па додајте го вториот дел. За глазурата растопете чоколадо на пареа и прелијте ја бајадерата, па ставете ја во фрижидер да се стегне. Пред да послужите исечкајте ја на коцки или правоаголници, по желба.