Чорба со грашок

150 г одмрзнат грашок
150 г исечени печурки
150 г коцки чадена сланина
1 главица кромид
1 морков исечен на парчиња
1 корен од целер исечен на парчиња
250 мл кисела павлака
½ лимон
1 лажица сув зачин
масло, сол и мелен црн пипер
Во тенџере испржете ја сланината и додадете го кромидот. Откако ќе се изпржи додадете ги целерот, морковот, шампињоните и грашокот. Додадете сол, сув зачин, црн пипер и 1 литар вода. Варете додека зеленчукот не омекне и тргнете од оган.
Павлаката измешајте ја со сок од половина лимон и неколку лажици од течноста од тенџерето. Додадете ја во чорбата и промешајте.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: