Кога Господ ги упатил своите ученици на пастирската дејност, Он им дал власт да настапнуваат „на змии и скорпии и на секаква неиријателска сила (Лука 10,19) и им заповедал:
“Болни лекувајте, лепрозни очистувајте, мртви воскреснувајте, бесови изгонувајте!Бесплатно добивте, бесплатно давајте! (Маш. 10,8).
Оваа благодатна Божја сила која делувала преку Светите Апостоли, делува и денес и ќе делува до свршетокот на светот преку нивните наследници, пастири во Црквата Христова.
Таа делувала и преку отец Јован. Според тоа, таа била и останала чудо творна, а не луѓето кои се нејзини орудија. Навистина, таа не делува преку сите подеднакво, туку преку некои посилно, преку некои послабо, според тоа кој колку е достоен, полн co Божја благодат и ревносен во службата за спасение на човечките души.
Бидејќи отец Јован бил достоен сад на благодатта, таа од него, како од силен извор изобилно се излевала на луѓето. Неговото делување особено го искусувале болните.
Отец Јован имал обичај по Светата Литургија да ги посетува болниците во Кронштат и Петроград каде бил повикуван. Неговите огнени молитви во повеќето случаи им донесувале на болните брзо оздравување. Затоа повиците биле се’ почести и побројни.
За да можел да стигне насекаде, бил принуден да користи запрежна кола. Но, и на улиците толпата народ ja запирале неговата кола и проселе од него благослов и молитви за себе и своите. А тој по зборовите на неговиот биограф, „во служба на ближните, кај солзите и воздишките, кај потребата и гладот, кaj лелеците и офкањето, кај несреќите и тагата – таму неминовно бил отец Јован co својата пламена молитва, co својата кротка душа, co својата љубов и утеха”.
Многу често од посетата на болниците во Петроград се враќал на полноќ, а во 5 часот бил во црквата заради служење Утрена и Света Литургија. По враќањето од болните од Петроград, час-два поминувал во читање, пишување на својот дневник, во проповеди и молитви. Дури потоа легнувал за да се одмори час-два.
Безбројни се исцеленијата на болните кои се случувале по молитвите на овој Божји угодник. Неговиот биограф И. К. Сурски собрал и забележал стотина, но веројатно тој број е многу поголем.
Најинтересно е што повеќето од тие исцеленија се случиле по безуспешното лечење co медицински средства и лекарската констатација дека на болниот му нема помош и дека смртта е неизбежна. А кога болниот по молитвите на отец Јован оздравувал, лекарите отворено признавале дека тоа е натприродно чудо.
А имало и доста такви случаи кога лекарите, no безуспешното медицинско лечење, ја признавале својата немоќ и му препорачувале на болниот или на неговото семејство, да му се обрати за помош на отец Јован.
Он се јавувал, кога тоа било можно, често и на поголема оддалеченост. При посета на болните, над нив читал молитви и осветувал вода, па co таа осветена вода ги попрскувал болните и им давал да пијат од неа или да се измијат.
Кога не можел да оди кај болните, за нивно исцеление се молел на Проскомидија и на Светата Литургија или веднаш по примената молба. Обично се молел клечејќи, толку прибрано и напрегнато, што капки пот му капеле од лицето.
Ако за болниот се молел во храмот, претходно ги повикувал сите присутни да се молат заедно co него. Било да се молел во храмот или во домот на болниот, се молел толку пламено, co таква увереност во милоста и помошта Божја, што и во најтешките случаи го изгонувал сомнежот и вливал силна надеж за оздравување, како кај болниот, така и ка] неговите ближни.
При молитвите главата на болниот ја покривал co епитрахил и на него ги полагал своите раце. Тоа го правел кај сите болни, без оглед на видот на болеста, вклучително и заразните болести.
По молитвите на отец Јован, се исцелувале болни разболени од различни болести: воспаление на белите дробови, туберкулоза на белите дробови и коските, шарлах, дифтерија, тифус, труење на крвта, епилепсија, водена и шеќерна болест, атрофија на бубрегот и органите за вид, сушење на рацете и нозете, мигрена, слепило, лудило итн. Посебно се потресни исцеленијата на полудените и демоноопседнатите. Да наведеме некои од нив.
Еден ден, додека отец Јован служел Света Литургија во храмот на Свети Андреј Првоповикан во Кронштат, донеле бесен, кого го држеле осум силни мажи, бидејќи co никакво јаже не можеле да го скротат, оти го кинел co натчовечка сила.
Отец Јован, во свештенички одежди, се упатил кон бесниот, кој во тој момент ce извлекол од своите чувари и се насочил на отец Јован. Изгледало дека ќе се фрли на отец Јован и за миг ќе го задави. Кога дошол до отец Јован, застанал, а отец Јован ги пружил мирно своите раце, ги положил на неговата глава и почнал да кажува молитви.
Бесниот постепено се смирувал и потполно се успокоил. Демонската сила, која била во него, го напуштила и тој потполно оздравел. По тоа отец Јован го причестил co Светите Тајни.
Ho сите исцеленија од демоните толку лесно не оделе. Некои го напаѓале отец Јован и го удирале. Некои пискале или лаеле, a сите ја одбивале неговата заповед да се прекрстат. Понекогаш демоните од болниот полемизирале co отец Јован и ја одбивале неговата заповед, искажана во името на Господа Исуса да излезе од болниот.
Toгаш тој co повишен глас, полн co надеж во милоста и помошта Божја, одговарал:
„Ќе излезеш, ќе излезеш, co мене е Бог!”.
Еднаш демонот од болниот го запрашал каде да оди од болниот, на кое отец Јован му одговорил:
„Во бездната!” И демоните на крај се покорувале и излегувале, бидејќи силата Божја која делувала преку отец Јован, била огромна.
Оние кои најмногу се спротивставувале, отец Јован најмногу ги осенувал co чесниот крст и ги попрскувал co света вода, a по исцелението сите ги причестувал co Светите Тајни.
Како искусен духовен лекар, ja знаел науката на Црквата за причинската врска меѓу гревот и заболувањата, телесни и душевни, па свесните болни прво ги подвргнувал на Светата Тајна Исповед и co тоа започнувало нивното лечење, кое потоа завршувало co Света Причест.
Меѓу првите прашања кои на болниот или неговата околина им ги поставувал било прашањето кога за последен пат бил во црква и кога за последен пат се причестил. Тој во секоја згода настојувал на што почесто причестување co Светите Тајни, кои на христијаните им даваат сила во борбата co злото во овој свет.
Покрај православните, за благодатната помош на отец Јован му се обраќале и иноверните. Тој никого не одбивал, туку на сите се одѕивал и на нивните молби и им одговарал:
„По вашата вера нека ви биде!”
Ретки биле оние за кои тој одбивал да се моли.
Тоа го правел само во случаите кога co својот прозорлив дух дознавал дека таквата негова молитва била спротивна на Божјата волја. Тогаш тој на молбите одговарал дека друга е Божјата волја.
М.Д. Пренесено од книгата “НЕБО НА ЗЕМЈАТА
– Учење на Св. Јован Кронштатски за Божествената Литургија”
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.