четврток, 12 ноември 2026
Најново

Чудо во Индија: Eден патник го преживеа падот на авионот (фото)

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Првичните информации од индиските власти беа дека сите патници од авионот на „Ер Индија“, кој се урна денес во градот Ахмедабад, загинале, но се појави веста дека еден патник ја преживеал несреќата.Полицискиот комесар на Ахмедабад, Г.С. Малик, за новинската агенција АНИ изјави дека еден патник преживеал. Тој бил на седиштето 11А во авионот.Во разговор за индиската новинска агенција АНИ, Малик рече дека преживеаниот „бил во болница и е на лекување“.Во списокот на патници објавен претходно од властите се вели дека патникот на седиштето 11А бил Вишваш Кумар Рамеш и бил Британец.Индиските медиуми велат дека разговарале со Вишваш во болницата. Тој им го покажал својот авионски билет, на кој пишувало неговото име и бројот на седиштето 11А.Еден преживеан патник изјавил: „Триесет секунди по полетувањето, се слушна гласен шум, а потоа авионот се урна. Сè се случи толку брзо“, објави Би-Би-Си.

Поврзани вести