Чурлинов: Португалија е силна индивидуално и тимски, ние ќе направиме се да ја израдуваме нацијата

Македонија по епската победа против Италија во Палермо, утре во Порто (20-45 ч.) на „Драгао“ против Португалија игра да го оствари својот голем сон, настап на мундијалот во Катар.
До светското првенство во Катар се стигнува само со победа против Португалија, и тоа на гости, мисијата е тешка, но не и невозможна.

„Еуфоријата е зад нас, цврсто стоиме на нозе, имаме уште еден натпревар. Знаеме што очекуваат навивачите од нас, ние можеме да ветиме дека ќе дадеме се од себе за историја, за настап на светското првенство. Нема да биде воопшто лесно, Португалија има извонредни поединци, тие се опасни и индивидуално и тимски, решавале мечеви со еден потег, со индивидуална акција, ние тоа добро го знаеме. Со селекторот добро се подготвуваме, анализираме, ќе уживаме во натпреварот, и ќе направиме се да ги ирздаруваме навивачите кои силно не бодрат насекаде каде играме“ – изјави Чурлинов.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.