Шарена летна пита со шунка, тиквици и сирење

СОСТОЈКИ:
250 гр шунка
4 јајца
1 кора за пита
200 гр тиквици
100 гр тврдо сирење
сол
бибер
ориган


НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Разматете јајца и додајте шунка, исечкана на коцки или ленти.
Потоа додајте изрендано сирење и исечкани тиквици. Сè зачинете со малку сол, бибер и оригано.
Целата смеса заедно излејте ја на готовата кора и печете во загреана рерна околу 40 минути.
Добар апетит!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.