Шарени кифлички со шербет

500 г брашно
200 мл масло
200 мл млеко
1 квасец
1 прашок за печиво
3 лажици какао
ЗА ШЕРБЕТ
400 г шеќер
200 мл вода
Сварете шербет од шеќерот и водата, и оставете малку да се излади.
Од брашното, млекото, маслото, изронетиот квасец и прашокот за печиво замесете тесто и поделете го на два еднакви дела. Во едниот дел додадете го какаото и размесете.
Од двете теста со сукалка развлечете правоаголни кори и исечете ги на по 6 еднакви делови. Расукајте ги во форма на палачинки и редете ги по две една врз друга во различни бои. Развлечете голема кора и исечете ја на 12 триаголници. Свиткајте кифлички, наредете ги во тава и печете 25 минути на 200 степени, или додека поруменат.
Топлите кифлички потопувајте ги во шербетот и наредете ги на чинија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.