Холивудската акциона ѕвезда и поранешен гувернер на сојузната држава Калифорнија Арнолд Шварценегер деновиве се најде во улога на работник на патот. Буквално и доброволно.
Како што напиша во описот на видеото кое го објави на својот профил на Твитер, му здосадило да чека градот Лос Анџелес да поправи голема дупка на патот, па решил да ги преземе работите во свои раце и да ја заврши работата за нив.
Собрал неколку мажи, го зел потребниот материјал и се фрлил на работа, а објавеното видео е прегледано повеќе од 1,7 милиони пати.
„Секогаш велам: Да не се жалиме, ајде да направиме нешто околу тоа“, напиша 75-годишниот актер.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.