Актерот Арнолд Шварценегер откри дека можеби ќе се врати на некои од своите најпознати акциони улоги, алудирајќи на нови проекти поврзани со филмовите „Предатор“, „Конан Варваринот“ и „Командо“.
Зборувајќи пред публиката на настанот „Арнолд Спорт Фестивал“ во Колумбус, Шварценегер рече дека се во тек преговори за враќање во неколку големи филмски проекти.
„Тие направија уште еден „Предатор“ и режисерот, Ден Трахтенберг, направи одлична работа. Сега сака да глумам во следниот „Предатор“. Разговаравме за тоа. Всушност, „Фокс Студиос“ некако повторно го открија Арнолд. Дојдоа кај мене и ми рекоа дека ме сакаат во „Предатор“ и ми набавија сценарио за „Командо 2“, откри тој.
Зборувајќи за филмот „Конан Варваринот“, актерот изјави дека студиото ангажирало сценарист и режисер кој работел на последните филмови на Том Круз за да го напише сценариото и да го режира филмот „Кралот Конан“. Се верува дека станува збор за Кристофер Меквори, кој соработувал со Круз на филмовите од франшизата „Невозможна мисија“.
„Сега, она што го прават е да ги пишуваат улогите. Не ги пишуваат како да имам 40 години. Вие ги пишувате за да бидат соодветни на возраста. Јас сè уште ќе бидам таму и ќе ги „скршам“ некои луѓе, но ќе биде поинаку. Со филмот „Кралот Конан“, тоа е одлична стара приказна за тоа како Конан бил крал 40 години, а сега е принуден да го напушти кралството и секако, има конфликт, но некако се враќа и има секакви лудило и насилство и магија и суштества и слично. Сега, секако, има секакви специјални ефекти. Студиото има многу пари за да ги направи овие филмови навистина големи, па затоа се радувам на сите тие проекти“, објасни тој.
Шварценегер го играше ликот Конан во филмовите „Конан Варваринот“ и „Конан Разурнувачот“, што му ја донесе првата голема франшиза за акциони филмови.
Во 2011 година, Холивуд се обиде да ја оживее приказната со филм во кој глуми Џејсон Момоа, но филмот беше разочарување на кино благајните, заработувајќи околу 63 милиони долари низ целиот свет со буџет за продукција од приближно 90 милиони долари.
Во своите мемоари од 2023 година, „Биди корисен: Седум алатки за живот“, Шварценегер ги опиша и напорните моменти од снимањето на „Конан Варваринот“, наведувајќи дека режисерот Џон Милиус честопати го принудувал на ризични сцени.
„Научив да јавам коњи, камили и слонови. Научив да скокам од големи карпи, да се качувам и да се нишам на долги јажиња, да паѓам од висина. Всушност, одев во друго стручно училиште, овој пат за амбициозни акциони херои. А потоа Милиус ме натера да правам секакви страшни работи“, изјави тој.
Кога станува збор за франшизата „Предатор“, Шварценегер некако се врати во оваа серија минатата година. Неговиот лик, мајорот Алан Дач Шефер, се појави во камео улога во анимираниот антологиски филм „Предатор: Убијци“ во режија на Ден Трахтенберг.
The post Шварценегер најавува враќање во три франшизи: „Фокс Студиос некако го откри Арнолд“ appeared first on Во Центар.



