Потребни состојки:
За ќофтињата:
500 gr мешано мелено месо
¼ чаша презла
1 лажичка сушен магдонос
на врв на лажичка морско оревче
½ лажичка сол
½ лажичка лук
малку свежо мелен бибер
1 јајце
1 лажица масло
За сосот:
1 лажица масло
2 лажици брашно
1 лажица сенф
200 gr кисела павлака
500 ml супа од коцки
сол
бибер
Подготовка:
Во сад ставете мелено месо. Додадете јајце, презла, магдонос, морско оревче, сол, лук и бибер. Добро измешајте со лажица или со раце.
Во голема тава загрејте една лажица масло. Ќофтињата обликувајте ги по желба. Во маслото пржете ги од сите страни додека не добијат златнокафена боја, а потоа отстранете ги во чинија.
Во истата тава додадете уште една лажица масло. Истурете две лажици брашно и мешајте со шпатула додека не почнат да се создаваат грутки. Истурете ја супата и измешајте. Додадете сенф и павлака во сосот и мешајте додека не се растворат.
Проверете го вкусот и зачинете со сол и бибер. Потоа ќофтињата вратете ги во сосот и оставете ги малку да се варат заедно. Послужете топло со ориз или тестенини.