Шеа путер: Чуда прави за целото тело!

Во поглед на козметичките производи, една од ретките состојки кои вистински го негуваат телото од глава до пети е шеа путерот. Никогаш нема да погрешите доколку го изберете ова средство, бидејќи крајниот резултат е секогаш свиленкава, мека и мазна кожа.
Шеа путер: Чуда прави за целото тело!
Шеа путерот се добива од маснотиите на јаткастите плодови на шеа дрвото кое потекнува од Западна Африка. Се карактеризира со присуство на витамините А,Б, Е и Ф. Покрај витамини, содржи и состојки кои ја одржуваат еластичноста на кожата. Постои и верзија на шеа путер која се користи и при готвење. Сепак, главната примена ја наоѓа во козметиката како лосион или хидратантен крем. Во продолжение прочитајте ги неговите придобивки.

  1. Ја хидрира и омекнува кожата
    Составот од триглицериди, витамини и масни киселини го прават шеа путерот еден од најдобрите производи за хидратација на кожата. Масните киселини кои ги содржат придонесуваат за неговата мазна структура која лесно се апсорбира и ја омекнува кожата. Како резултат на тоа, во зимскиот период го спречува нејзиното пукање, а во летниот период ја штити од негативното влијание на UV зраците.
  2. Ја штити кожата
    Шеа путерот ја задржува влагата во кожата и на тој начин ја штити зацврстувајќи ја нејзината бариера.
  3. Ја навлажнува косата
    Шеа путерот е идеален како маска или регенератор и може да се користи за нега на суви и испукани врвови.
  4. Го подобрува изгледот на старата кожа
    Истражувањата покажале дека шеа путерот делува во полза на здравото стареење на кожата. Витаминот Е, присутен во путерот, е силен антиоксиданс кој е растворлив во масло и кој може да помогне во борбата против слободните радикали и оксидативниот стрес. На тој начин шеа путерот ја враќа еластичноста на кожата и помага при задржување на нејзиниот младешки изглед.
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.