Шек ги исплаши фановите: Објави слика од болнички кревет

Еден од најголемите НБА кошаркари во историјата на оваа лига, Шекил О’Нил, објави слика од болнички кревет и ги уплаши своите фанови.

Иако на фотографијата немаше објава за тоа која е причината што Шек завршил во болница, магазинот ТМЗ веднаш објави дека станува збор за оперативен зафат.
Според информацијата, Шек бил хоспитализиран поради хируршки зафат на колкот. Операцијата инала добро и наскоро се очекува да почне со рехабилитација.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.