четврток, 12 ноември 2026
Најново

ШЕРИФОВИЌ СИ ЈА ДОБИ ЗАСЛУЖЕНАТА КАЗНА: Од пријателство до предавство, Карлеуша ја избриша Марија – ова е причината

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Јелена Карлеуша уште еднаш успеа да се расправа со половина естрада. Се шушка дека не разговара со Саша Поповиќ, имала замерки и на концертите на Александра Пријовиќ и нејзината музика, а се чини дека зад сцената се води нова војна.

Се сеќаваме како ЈК кога беше во жирито на „Ѕвезда Гранда“ можеше да ги насмее публиката и гледачите, а особено сочни беа нејзините расправии со Марија Шерифовиќ. Тогаш се’ беше во жарот на гласањето и целта на забавата. Но, оние кои внимателно ја следат Јелена на Инстаграм веројатно забележале дека таа во меѓувреме ја отследи својата колешка.
Марија, за разлика од неа, сè уште е во жирито на популарен музички натпревар. Таа неодамна ги пофали новите албуми на Карлеуша, откривајќи дека „Омега“ повеќе и се допаѓа од „Алфа“, но ја видовме и на концертот на Прија.

Заладувањето на односите, очигледно, се должи на актуелната полемика околу гледаноста на шоуто „Ѕвезда Гранда“ и снимањето на концертот на Јелена во „Белград на вода“.
Карлеуша објави дека нејзиниот настап е повеќе гледан, а Марија на Инстаграм објави графикон кој го покажува спротивното и веројатно во исто време се најде на „црната листа“ на Карлеуша.

Поврзани вести