Студентската блокада на РТС на улица Таковска и Кошутњак во Белград влезе во шести ден. РТС ја прилагоди програмата и не емитува преноси од студиото.

Студентите бараат разрешување на уредникот на РТС и итно распишување конкурс за нови членови на Советот на РЕМ, а одговор се уште не добиле од собраниската Комисија за култура и информирање.
РТС веќе беше предмет на студентски блокади, бидејќи бараа реално и сеопфатно известување за студентските протести и барања, а најновата причина за новата блокада е начинот на кој РТС професионално не ја покриваше студентската велосипедска тура до Стразбур.



