четврток, 12 ноември 2026
Најново

ШЕСТИ НЕФОРМАЛЕН РЕГИОНАЛЕН СОСТАНОК НА ДИРЕКТОРИТЕ НА ЦАРИНСКИТЕ УПРАВИ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Заменик директорот на Царинската управа г-дин Муарем Асани, г-дин Илија Јаноски и г-дин Златко Ветеровски, зедоа учество на шестата неформална средба на директори и високи службеници од царински служби од Западен Балкан која се одржа во Тирана, Албанија. Оваа иницијатива е поддржана од  Владата и Царинската и даночна служба на Обединетото кралство.

Овој состанок и неформална средба претставува добра основа за зајакнување на довербата помеѓу царинските администрации и помеѓу граничните инспекциски органи, за подобрување на соработката и поголема размена на информации и идеи.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

На состанокот беа истакнати некои од најзначајните обврски кои царинските служби  од регионот треба да ги исполнат, а се однесуваат на:

  • Унапредување и размената на податоци преку електронски инструменти и воведување на заедничко управување со ризици согласно усвоената Регионална стратегија за заедничко управување со ризиците, како и акцискиот план од страна на ЦЕФТА.
  • Спроведување на законските обрски и размена на информации во реално време.
  • Напредок во областа на лиценцирање на овластени економски оператори и взаемно признавање во рамки на ЦЕФТА.
  • Воспоставување на Зелени коридори за движење на стока и патници во регионот, како и на граничните премини со ЕУ.
  • Соработка за создавање на Заеднички регионален пазар во рамките на Советот за регионална соработка.
  • Воведување на заеднички гранични контроли како веќе потпишаниот договор за заеднички гранични и царински контроли помеѓу Република Северна Македонија и Албанија кој првично ќе се реализира на граничниот премин Ќафасан-Ќафтане.

Заменик директорот г-дин Муарем Асани посочи дека дигитализацијата и понатаму останува да биде приоритет на Царинската управа на Република Северна Македонија со цел брза обработка на документите за увоз, извоз и транзит и отстранување на бирократските бариери помеѓу земјите од Западен Балкан.

Поврзани вести