четврток, 12 ноември 2026
Најново

Шестмина Бугари уапсени за проневера на 62 милиони евра во Луксембург

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Шестмина Бугари осомничени за измама на хуманитарна организација од милионски суми се уапсени во четвртокот, соопштија од МВР и Обвинителството на Бугарија. Акцијата е меѓународна под покровителство на Европравда. Во Бугарија акции се спроведени во Варна, Софија, Перник, Сливен и Силистра.

Истрагата ја води обвинителството во Луксембург, а до бугарските власти се испратени европски потерници.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Според соопштението на обвинителството, шестмината приведени се осомничени за голема финансиска измама од 62 милиони евра. Парите биле од сметки на хуманитарна организација која работи за „социјална помош на луѓето на кои им е потребна во Луксембург“.

Од бугарското МВР додаваат дека Бугарите учествувале со регистрирање фирми и банкарски сметки во Шпанија. Тие беа искористени за „разделување на криминално присвоените средства од различни фондови во Луксембург на различни сметки во земји кои не се членки на ЕУ“.

На осомничените им е одредена мерка притвор во траење од 24 часа. Тие се од Варна. Обвинителството побара подолг притвор и ќе започне постапка за нивна екстрадиција во Луксембург.

Поврзани вести