Шест жени и деца од Авганистан ќе бидат сместени во Македонија

Шест лица вработени во канцеларијата на Обединетите Нации во Кабул ќе бидат првите загрозени цивили од Авганистан кои ќе најдат прибежиште во Македонија. Не се знае кога ќе стигнат, а за нивниот статус ќе одлучува меѓународното право, вели министерот Бујар Османи.
Како што најави, земјава во наредниот период ќе биде отворена за цивилите од Авганистан кои работат пред се во поголемите меѓународни организации.
– Не можам да калкулирам со бројки. Обединетите Нации побараа шест лица претежно жени и деца на вработени во канцелирајата на ОН во Кабул да бидат прифатени и тие ќе бидат прифатени – рече Заев.
Лицата ќе бидат привремено во државава се додека не се реши нивната крајна дестинација, вели Османи, а проценките за тоа колку лица ќе пристигнат ќе се прават во соработка со НАТО и САД.
Ќе бидат сместени во мотели, одморалишта и хотели, за што трошоците ќе бидат обезбедени од меѓународните организации, како и од Соединетите Американски Држави.
Најавата за прифаќање на цивили од Авганистан во земјава наиде на критика од опозицијата, посебно што засега на ваков чекор, покрај Македонија, се одлучиле уште и Албанија и Косово во регионални, а Канада во глобални рамки.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.