четврток, 12 ноември 2026
Најново

Шест намирници што го намалуваат холестеролот

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Кои намирници треба да ги вклучите во исхраната доколку имате проблеми со холестеролот?
Компири


Под услов да не се пржени, компирите содржат 0 г холестерол. Препорачливо е да се консумираат варени.
Домати
Тие се со висока содржина на ликопен, кој може да го намали нивото на лошиот холестерол во организмот. Затоа треба да додадете домати во салатата, сендвичот или главните јадења.
Спанаќ

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ


Спанаќот содржи голем број на хранливи материи, вклучувајќи ги и корисните за здравјето на крвотокот-влакна и фитостероли.
Мешункасти плодови
Грав, леќа и грашок не содржат само 0 г холестерол, но се и богат извор на растителни влакна. Може да ги додаваме во различните видови тестенини и салати.
Авокадо
Според некои истражувачи хранливите материи кои се наоѓаат во авокадото, можат да го намалат нивото на лошиот холестерол.
Лук


Лукот исто така е меѓу природните начини за намалување на нивото на холестерол, а го намалува и ризикот од срцеви заболувања.

Поврзани вести