Овошен сок и витамин Ц
Со течности и витамини најлесно ќе го освежите организмот, затоа свежо цедениот сок од овошје е идеален за тоа бидејќи брзо ќе ви ја поврати енергијата.
Вода
Доколку веднаш по будењето испиете голема количина вода ќе спречите дехидрација на организмот, а ако водата ја збогатите со лажица мед, ефектот ќе биде поголем. Добар ефект може да има и од газирани пијалаци и вода.
Овошје
Јадете што повеќе свежо овошје особено банани, киви, јаболка и лимон. Ова е одличен начин да ги надоместите изгубените електролити и железо.
Млеко
Течностите богати со калциум ја подобруваат работата на црниот дроб и го подобруваат ослободувањето на токсини од организмот.
Лек против болки
Лековите како аспирин или бруфен ќе ја ублажат главоболката, но во случаи на мамурлак избегнувајте андол затоа што може да го оштетат црниот дроб ако се земе по консумирање алкохол.
Ако не помогнат лековите, тогаш пијте расолница, неа барем ја има во зима.
Антиоксиданси
Меѓу најдобрите природни лекови против мамурлак се ѓумбир, грејпфрут, морков, спанаќ, црно чоколадо, јаткасти плодови и црни чаеви.