Шест придобивки од јадењето јагоди

Летото изобилува со свежи и сочни плодови. Едни од најомилените ни се мирисните јагоди. Освен што се вкусни, тие се познати по своите многубројни здравствени придобивки. Погледнете некои од нив.
Се грижат за видот
Една од главните причини за појавата на очни проблеми се слободните радикали во организмот, како и дефицитот на одредени хранливи материи. Со напредување на возраста и отсуството на овие супстанции, здравјето на очите може да почне да се влошува.
Појава на очни инфекции, сувост, дегенерации се само дел од проблемите со кои можеме да се судриме.


Добрата вест е дека некои од најпознатите свежите летни плодови се богати со антиоксиданси, флавоноиди, феноли и фитохемикалии кои можат да го намалат ризикот од развојот на овие измени. Јагодите се богати и со калиум кој помага за контролирање на очниот притисок.
Ги засилуваат заштитните функции на имунолошкиот систем
Имунолошкиот систем е заштитата што нашето тело ја има против инфекции и бактерии, како и од широк спектар други потенцијално штетни услови, кои можат да влијаат на нашето здравје. Витаминот Ц, кој се содржи во јагодите го зголемува имунолошкиот систем, но и помага за побрзо обновување за време на настинки и грип.
Го намалуваат ризикот од појава на артритис
Редовното консумирање на јагоди може да го намали ризикот од појава на оваа состојба, бидејќи како што веќе нагласивме богати се со антиоксиданси и детоксикацијата материи.
Од друга страна, се препорачуваат за исхрана и на пациенти кои веќе страдаат од артритис и гихт, бидејќи потрошувачката на плодовите има и противвоспалително дејство.


Го намалуваат развојот на клетките на ракот
Витамин Ц, фолна киселина, антоцианини, кверцетин и кемпферол се само неколку од многуте флавоноиди во јагодите, кои поседуваат одлични антиоксидантни и противоканцерогенни својства.
Заедно тие формираат една одлична заштита за борба против ракот и растот на туморите. Секојдневната консумација на јагоди може да има позитивен ефект врз растот на клетките на ракот.
Поволно влијаат врз мозочната функција
За жал со староста ризикот од губење на меморија и нарушување контролата на одредени активности, мускули и екстремитети се зголемува. Ова се должи на физичко или предвремено стареење на мозокот и нервниот систем. За среќа јагодите можат да ни помогнат да избегнеме овие ненавремено состојби.
Витамин C и фитохемикалии во плодовите неутрализираат последиците од оксиданти и го оживуваат имунолошкиот систем. Покрај тоа, јагодите се богати со јод, кој помага за правилно функционирање на мозокот и нервите, а калиумот е поврзан со подобрување на когнитивната функција, преку зголемување на протокот на крв во мозокот.
Јагодите се богати со калиум и магнезиум, кои се ефикасни за намалување на високиот крвен притисок предизвикан од различни фактори на ризик.
Се грижат за здравјето на срцето
Високата содржина на влакна, фолна киселина, заситени масни киселини и високи нивоа на антиоксиданси, како витамин Ц и фитохемикалии, се од исклучително значење за здравјето на срцето. Како што веќе рековме, тоа се должи на својствата ефикасно да го намалуваат холестеролот и да ја подобруваат состојбата на крвните садови.
И на крај, потрошувачката на јагоди може да ви помогне да се справите со запек

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.