Конзумирањето на солената вода во текот на утрото, на празен стомак, е сè попопуларно. Еве зошто луѓето тоа го правати дали има нешто добро во тоа.
На почетокот, она што е важно да знаете е дека исклучиво хималајска сол се користи за овие потреби, која е позната поради нејзините квалитети и се смета дека е чиста форма на солта бидејќи не се обработува никако.За разлика од солта што ние ја користиме, хималајската е богата со јод, а розеникава боја има поради железо-оксидот. Сметаат дека оваа сол содржи 84 минерали во себе!
За да ги внесат сите тие минерали, се повеќе луѓе хималајската сол ја раствара во вода и пие наутро, на празен стомак. Ево зошто тоа е добро.
Како се подготвува солената вода
Во тегла со пластичен капак ставете една четвртина од Химлајската сол, остатокот дополнете го со вода. Затворете, протресете и оставете ја да стои преку ноќ. Ако цела сол не се раствори до утрото, оставете малку да одстои. Кога ќе се раствори, напитокот е подготвен за пиење – секое утро една лажичка од таа течност ставете во чаша, додадете обична вода од чешма (на собна температура) и испијте.
Природни електролити
Од научна гледна точка, солената вода е богата со електролити, кои се многу важни за здравјето. Кога водата и солта се мешаат, негативните јони на молекулите на водата се комбинираат со позитивните јони на солта и обратно. На овој начин тие електрично се полнат, поради што внесените минерали многу лесно се апсорбираат во телото. Тоа помага и во одржувањето на балансот на течности во телото, преку испраќање сигнал од една клетка до друга, и им помага на бубрезите во исфрлање на токсини.Нутриционистката д-р Анџу Суд вели дека на овој начин се внесуваат многу важни минерали во организмот, но нагласува дека солената вода не би требало да ја пијат оние кои имаат дисбаланс на солите, минералите или витамините, како и оние што имаат хипертензија.„Солената вода обезбедува баланс на електролитот во организмот. Од ајурведската медицина велат дека со тоа се внесува и позитивна енергија во телото и се подобрува циркулацијата”.
Го хидрира телото
Солената вода содржи важни електролити кои му помагаат на организмот нормално да функционира и да има енергија во текот на целиот ден. Пиење на обичната вода исто така е добро за здравјето, бидејќи и токсините се исфрлаат, но важните минерали можат да се исфрлат заедно со нив.Предноста на солената вода е што го хидрира телото и обезбедува минерали кои не би се изгубиле ослободување на токсините.
Следните 3 причини ќе ги најдете подолу на страната 2 👇👇👇
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.