четврток, 12 ноември 2026
Најново

Шефот на НАТО доаѓа во Македонија

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Претседателката Гордана Силјановска-Давкова во вторник ќе го прими генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, кој доаѓа во официјална посета на земјава.

За него ќе бидат приредени највисоки државни и воени почести во Кабинетот на претседателот, по што е предвидена тет-а-тет средба, како и пленарни разговори меѓу македонската делегација и претставниците на НАТО.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Во агендата е вклучена и заедничка прес-конференција на претседателката и генералниот секретар.

Во текот на посетата, Руте ќе ја посети и Армијата. По неговото обраќање ќе биде организирана презентација на лесната пешадиска баталјонска група (ЛПБГ), како и разгледување на дел од опремата со која располага оваа единица.

На настанот ќе присуствуваат министерот за одбрана Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот генерал-мајор Сашко Лафчиски, како и високи претставници на Армијата и на Министерството за одбрана.

Ова ќе биде прва посета на Руте на земјава откако ја презеде функцијата генерален секретар на Алијансата.

Поврзани вести