Овој шејк се прави брзо, а нема да му одолеете на неговиот вкус!
Состојки:
две банани
две чаши бадемово млеко
половина чаша путер од кикирики
две лажици мед
две коцки мраз
листови бадем
Подготовка:
Излупете ја бананата, исечете ја и ставете во блендер. Додадете бадемово млеко, путер од кикирики, мед и коцки мраз и добро измешајте. Истурете во чаши, украсете со листови бадеми и послужете.