ШЕЌЕРКА И БАЛКАНСКИТЕ КУРДИ

Кога неказнивоста за нив како власт, стана правда, требаше уште тогаш да ни кликне, дека нивното владеење ќе биде нижење ѓердан од глупости. Ама не многу не им кликна. На некои им кликна ама молчеа. Барем да правеа само глупости за кикотење, ќе се трпеше некако, ама направија и такви кои да ги направиш во било која друга земја, веројатно без коски ќе бидеш осуден за велепредавство. Го сменија прво името на државата. Не било важно. Промената не задирала во идентитетот. Тој бил бетон. Уживајте. Се е под контрола. Ама чекајте, зошто и од македонското малцинство во Грција се откажавте? А што ќе ви е малцинство? Ви притребало. Гледате само побрзо да влеземе во ЕУ и НАТО. Добро, важи. Ако така велите…

Во НАТО ете влеговме, како граѓани на Северна или на Скопје, барем така не запишуваат кога не канат на состаноци. Дека идентитетот е бетон. Ќори, голи, малку силувани, но некако влеговме. Ама за во ЕУ, проблем. Бугарите посакаа да им се исполни желбата од една песничка што си ја пеат одамна. Да си признаеме дека македонскиот јазик бил дијалект на бугарскиот и дека бугарски ни бил генотипот. А историјата џанам? Која историја? Немате историја. Аааааа, за таа историја зборувате. Тоа е бугарска историја. И ги слушаме со месеци како ни се закануваат. Признајте или ќе го блокираме вашиот влез во ЕУ. Заканите немаше толку да болат, зашто друго од нив и не може да се очекува, но многу повеќе болеше молкот од официјалните претставници на нашата држава. Ни да гукнат на такви закани и провокации. Си велиш, чекај, соседна држава се меша во внатрешните работи на нашата. Бара од нас, самите да ги поткопаме нејзините темели, да се самоубиеме уште двапати, откако еднаш го сторивме тоа за љубов на Грците. И за многу поситни провокации, држави влегувале во војна, ако некоја друга се обидела да ги понижи пред светот. Ама не. Социјалдемократите ќутеа како покакани грлици.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.