четврток, 12 ноември 2026
Најново

Шилегов: Најмалку 80% од луѓето не треба да се во судницата за „Пулс“

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Одбраната на денешното рочиште за трагедијата во кабарето „Пулс“ повторно побара спојување на постапката со предметот против 13-те полицајци обвинети за истиот настан во Кочани.

За ова денеска пред медиумите говореше адвокатот Петре Шилегов, кој е дел од одбраната на еден од обвинетите во случајот.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

„Бидејќи станува збор за ист кривично-правен настан во кој се разгледуваат истите последици, сметаме дека е целисходно сите постапки да бидат ставени на едно место. Ние не знаеме кои докази ќе се изведуваат во другата постапка бидејќи не сме дел од неа“, изјави Шилегов.

Тој додаде дека, имајќи го предвид ставот на Обвинителството дека може да дојде до редукција на бројот на обвинети, одбраната и понатаму смета дека за постојните правни квалификации најмалку 80 проценти од лицата не треба да бидат во судницата.

Поврзани вести