Шилегов објави фото од казната за возачот на Бентли

Шилегов објави фото од казната за возачот на Бентли на својот Фејсбук профил. Казната е симболични 45 евра. Дали е тоа доволна мерка заклучете сами.

И напиша: Во Скопје никој не е и никогаш нема да биде над законот!

Благодарност до МВР и министерот за брзата реакција. На сопственикот на Бентлито кое вечерва се движеше на градскиот плоштад му е врачен записник за сторениот сообраќаен прекршок.

МВР пак соопшти:

Министерството за внатрешни работи информира дека вечерва околу 19 часот е пронајден и санкциониран извесен Б.А. од скопско Арачиново, кој со автомобил марка „бентли“ со поголема брзина се движеше низ скопскиот плоштад, загрозувајќи ја сигурноста на присутните граѓани.

Од МВР порачуваат дека и во наредниот период најостро ќе ги санкционираат сите кои ќе го нарушат јавниот ред и мир и ќе ја загрозат безбедноста на граѓаните.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.