Шилегов се пофали со новиот булевар АСНОМ

Шилегов се пофали со новиот булевар АСНОМ

Притоа напиша и порака до јавноста:
ОД УТРЕ СКОПЈАНИ ЌЕ ВОЗАТ ПО НОВИОТ БУЛЕВАР АСНОМ.
Со бележењето на хоризонтана сообраќајна сигнализација на булевар АСНОМ во општина Аеродром, од утре граѓаните ќе возат по новиот проширен булевар. Град Скопје викендов ја заврши првата фаза од реконструкцијата на овој булевар на потегот од крстосницата со улица Васко Карангелевски до крстосницата со булевар Србија кај мостот Близнак.
Проширениот булевар добива по 3 коловозни ленти во двете насоки, пешачки и велосипедски патеки од двете страни на булеварот и средишно зеленило.
По завршувањето на оваа фаза, булеварот преку новиот мост, којшто е веќе во изградба, треба да се поврзе со населбата Ќерамидница во општина Гази Баба, а оттука и Аеродром ќе добие нова сообраќајна релација кон Центар кај поранешен Скопски саем.
Само пред неполн месец, по отварањето на новиот булевар Христијан Тодоровски Карпош во Бутел и булеварот Никола Карев (познат како Пластичарска), за кратко време ова е веќе трета нова сообраќајница за развој на Скопје. Важно е да се напомене дека во моментот се работи и на четврт булевар, односно на втората фаза од изградбата на новиот булевар Босна и Хецеговина.
Чекор по чекор, Скопје добива една поинаква приказна.
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.