ШКОТСКАТА ПРЕМИЕРКА НАЈАВИ НОВ РЕФЕРЕНДУМ ЗА НЕЗАВИСНОСТ: „И ДА ГО ЗАБРАНАТ, ИМАМЕ ПЛАН Б, ЌЕ ГО ОДРЖИМЕ“

Старџен рече дека ќе побара од новиот британски писмено одобрување за советодавниот референдум.

ШКОТСКАТА ПРЕМИЕРКА НАЈАВИ НОВ РЕФЕРЕНДУМ ЗА НЕЗАВИСНОСТ: „И ДА ГО ЗАБРАНАТ, ИМАМЕ ПЛАН Б, ЌЕ ГО ОДРЖИМЕ“

Шкотската премиерка Никола Старџен во вторникот изјави дека шкотскиот парламент ќе донесе мерка за одржување референдум за независност од Обединетото Кралство со планиран датум на 19 октомври 2023 година.

Старџен рече дека веќе писмено побарала од екс британскиот премиер Борис Џонсон одобрување за советодавниот референдум бидејќи од клучно значење е гласањето да биде легално.

Таа додаде дека предметот ќе биде предаден на британскиот Врховен суд. Ако Врховниот суд го одобри референдумот и ако има мнозинство за независност, тоа не би значело автоматско отцепување на Шкотска бидејќи се работи за советодавен референдум.

Доколку Врховниот суд го забрани референдумот, владејачката Шкотска национална партија (ШНП) најавува дека на следните општи избори ќе водат кампања исклучиво со темата независност, која ја претставуваат како еден вид план Б за одржување на референдумот, иако формално нема да биде распишан референдум.

Гласачите во Шкотска, која има 5,5 милиони жители, ја отфрлија независноста на гласање во 2014 година, но тамошната полуавтономна влада верува дека излегувањето на Велика Британија од Европската унија, на кое Шкотите се противеа, ги промени работите и доведе до потреба од нов референдум.

Премиерот во оставка Џонсон и неговата владејачка Конзервативна партија, опозицијата во Шкотска, силно се спротивставуваат на референдумот, тврдејќи дека прашањето било решено во 2014 година кога Шкотите гласале 55 отсто за останување во Обединетото Кралство.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.