Шкупи доби само шест меча казна за хаосот на Чаир!

Дисциплинската комисија на ФФМ денеска ја соопшти казната на Шкупи за тешкиот инцидент кој се случи во Чаир кога навивачи влегоа во терен и ги нападнаа фудбалерите на Шкендија, чаирскиот тим доби смешни шест меча суспензија на теренот.

Шкупи веќе одигра еден натпревар надвор од Чаир, на Скопје му беше домаќин во Кичево, па им останаа уште пет меча да одиграат на најмалку 100 километри одалеченост од својот стадион.

Казната која ја определи дисциплинската комисија на ФФМ е смешна ако се земе во предвид сериозноста на инцидентот. Навивачи на Шкупи влегоа на теренот и тргнаа да ги тепаат фудбалерите на Шкендија кои спасија жива глава само благодарение на специјалните единици кои беа присутни на мечот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.